Акција за чистење

Под мотото “Фабриката е наша, да ја чуваме чиста“, на 24 април беше одржана акција за чистење, во која учество земаа околу 50 колеги. Акцијата вклучуваше чистење на областа од административна зграда па се до Магацините, а беше организирана со цел подобрување на работната средина и зголемување на еколошката свест.