АрцелорМиттал Скопје повторно ги изненадува љубителите на пишаниот збор

Во периодот од 08.04 до 14.04 2014 се одржува традиционалниот 26-ти по ред Саем на книга на добропознатата локација – Скопски Саем.

Во рамките на оваа манифестација, компанијата АрцелорМиттал Скопје во соработка со Клуб Матица повторно ќе ги изненади сите љубители на пишаниот збор.

Сите посетители на Саемот на книга во петок и сабота во периодот од 12 до 16 часот, ќе имаат можност да добијат подарок книга или попуст само со едноставно вртење на тркалото на книгата.

Саемот на книга како една од најзначајните културни манифестации во земјата обезбедува најголема концентрација на дела од домашни и странски автори, современи и класични литературни дела, стручна и научна литература, учебници и училишни прирачници, енциклопедии и дела од областа на културата и уметноста.

Организирањето и спроведувањето на оваа акција е само дел од многуте активности на компанијата АрцелорМиттал Скопје како што се: акцијата “Книга за секого”, донација во пунктот за бездомници на град Скопје, акцијата за донација на 12 компјутери, книги и пакетчиња за СОС Детско Село, акција за дарување на крв, разни предавања на теми од областа на здравството и безбедносдта при работа, Прва Помош и слично при што сакаме да го истакнеме нашиот однос како општествено одговорна компанија, која и во иднина ќе продолжи со вакви и слични активности – изјави генералниот директор на АрцелорМиттл Скопје, Јуан Педро Хименез Наваро.