АрцелорМиттал донираше хигиенски пакети за народната кујна во гази баба

Во просториите на народните кујни во општина Гази Баба, во кино Маџари и хангарот во Ченто, компанијата АрцелорМиттал донираше хигиенски пакети за корисниците на кујните.

Пакетите, содржеа пасти и четки за заби, сапуни, сјај, прашок за перење, тоалетна хартија и слични продукти, со што го одбележа Интернационалниот ден на волонтерството.

Одбележувањето и активното учество на вработените на АрцелорМиттал Скопје на Интернационалниот ден на волонтерството претставува потврда дека компанијата го истакнува својот општествено-одговорен однос кон средината во која работи.

Честитки до тимот за општествена одговорност за иницијативата и успешната организација за донацијата.