АрцелорМиттал Скопје организираше голема хуманитарна акција

АрцелорМиттал Скопје организираше голема хуманитарна акција и им подари пижами на сите деца во домот за деца без родители “11 Октомври“ и во домот СОС Детско село. Целта на акцијата беше на децата да им се подари мало внимание и топлина која им е навистина потребна, како и да се поттикне и промовира хуманост кај вработените.