АрцелорМиттал Скопје со акција "Книга за секого"

Денес во центарот на Скопје на ул.Македонија во периодот од 11.00 до 17.00 часот, АрцелорМиттал Скопје заедно со Книжарница Клуб Матица организираа акција под мотото "Книга за секого".

Акцијата се состоеше во подарување книга на сите счучајни минувачи во центарот на градот, од страна на вработените во АрцелорМиттал Скопје.

Сите љубители на пишаниот збор уживаа во широкиот опус од најеминентни автори и со оваа акција беа поделени повеќе од 1.000 книги кои беа лично потпишани од авторите.

“Организирањето и спроведувањето на оваа акција е само дел од многуте активности на компанијата АрцелорМиттал Скопје како што се: донација во пунктот за бездомници на град Скопје, акцијата за донација на 12 компјутери, книги и пакетчиња за СОС Детско Село, акција за дарување на крв, разни предавања на теми од областа на здравството и безбедносдта при работа, Прва Помош и слично при што сакаме да го истакнеме нашиот однос како општествено одговорна компанија, која и во иднина ќе продолжи со вакви и слични активности”. – изјави генералниот директор на АрцелорМиттал Скопје Јуан Педро Хименез Наваро.