АрцелорМиттал скопје со донација во заводот за рехабилитација на деца и младинци-скопје

Денес во просториите на заводот за рехабилитација на деца и младинци во Скопје, беше поделена донација од страна на престванцицте на компанијата АрцелорМиттал Скопје. Оваа донација се состоеше од пижами и пешкири со кој би ги задоволиле основните потреби на заводот.

“Организирањето и спроведувањето на оваа хумана акција е само дел од многуте активнсоти на компанијата АрцелорМиттал Скопје како што се донација во пунктот за бездомници на град Скопје, донација во ПЗУ Мајчин Дом Скопје, акциите за донација на 12 компјутери, книги и пакетчиња за СОС Детско Село, хуманите акции за дарување на крв, разни предавања на теми од областа на здравството и безбедносдта при работа, Прва Помош и слично, при што сакаме да го истакнеме нашиот однос како општествено одговорна компанија, која и во иднина ќе продолжи со вакви и слични активности”. – изјави генералниот директор на АрцелорМиттал Скопје Јуан Педро Хименез Наварро.