Хуманоста не познава граници!

ArcelorMittal Macedonia како компанија со голема општествена одговорност и членка на Советот на странски инвеститори, придонесе за хуманитарниот настан кој се одржа во Градскиот парк во Скопје, со свој штанд со кујна автентична за нашата компанија.
Љубителите на добрата храна кои присуствуваа на пикникот имаа можност да бидат дел од хуманата намера на настанот. Храната се послужуваше за симболична цена од 100 денари, а паричните средства ќе бидат донирани на народната кујна во црквата Св. Апостол Петар и Павле и во Хуманитарно здружение „Ел-Хилал“.