Национална награда за општествено одговорни практики

Во хотелот "Holiday Inn", Министерот за економија Г-дин Ваљон Сараќини свечено ги додели националните награди за најдобри општествено одговорни практики на македонските претпријатија во 2011 година. За проектот “изградба на домови во Велес” АрцелорМиттал Скопје доби плакети за постигнувањата во ООП.

Честитки до тимот за општествена одговорност за иницијативата и успешната организација, и се надеваме дека и понaтаму ќе превзема иницијатива и ќе организира ваков тип на проекти.