Земач на проби (Контрола на квалитет)

Оглас за вработување во АрцелорМиттал Скопје

АрцелорМиттал е водечка светска компанија за челик, со годишен капацитет на производство од околу 130 милиони тони. Работиме во повеќе од 60 земји, со објекти за изработка на челик во повеќе од 20 земји и сме лидер во сите главни пазари за челик.

АрцелорМиттал Скопје е еден од најголемите производители на челични производи на Балканот и нуди ладновалани котури и табли, поцинкувани котури и табли и пластифицирани котури, главно за сегментот на општа индустрија на регионалниот пазар.

Клучни одговорности и задачи:

Изработува проби од:
Ладновалан лим пред дресирање
Ладновалан лим по дресирање
Ладновалан лим од ножици
Поцинкуван лим
Пластифициран лим

Изработува ќошиња за:
Пакети
Котури

Изработува проби за лужилница
Ги извршува сите административни работи (извештаи, внесувања, известувања, итн) согласно процедурите за работа
Се грижи за хигиената (чистотата) во својата смена и истата ја предава исправна на наредната смена
Ги спроведува мерките за заштита при работа, пожар и екологија
Врши и други бизнис задачи по барање на неговиот/нејзиниот претпоставен

Потребни квалификации:
ССС
Работно искуство од мин. 1 годинa во областа

Личен профил:
Професионална експертиза
Можност за работа во смени
Строго почитување и примена на стандардите за Здравје и Безбедност при работа

Ве повикуваме да ја доставите Вашата професионална биографија - CV на следната e-mail адреса: HRJobs.Skopje@arcelormittal.com со назнака “Апликација за Бравар-Заварувач“ најдоцна до 14.04.2017 година.