АрцелорМиттал Скопје ја одбележа „Неделата на здравје“

Со ред активности, традиционално, во АрцелорМиттал Скопје се одбележа „Недела на здравје“ вклучувајќи ги сите вработени, изведувачи, соработници и партнери. Истата започна со крводарителска акција, а следеа и предавања и обуки за користење на ПП апарати, прва помош, заштита од пожар, разни дискусии и дебати насочени кон промоција и јакнење на свеста за здравјето и безбедноста.
Беше организирано и предавање за здрава исхрана од страна на нутриционистот Цвета Динева како и натпревар за приготвување на здрав оброк кој беше поддржан од Александра Пановска и Марк Де Јонг од „Брза Кујна“.

Со ваквите настани компанијата уште еднаш го потенцираше главниот приоритет, јасната цел и визијата на АрцелорМиттал како на локално, така и на глобално ниво – здрава и безбедна работна средина.