АрцелорМиттал Скопје по шести пат го одбележа „Денот на клиентите 2017“

Настан кој започна пред 6 години како помал собир, од година во година преминува на повисоко рамниште со зголемени размери каде присуствуваат клиенти, соработници и партнери од целиот балкан и пошироко.
И овој пат, првиот четврток од месец октомври беше назначен како ден посветен на клиентите, каде околу 190 присутни од 13 земји имаа можност да добијат увид во оперативата, стратегијата и идните планови на компанијата.

Преку обраќањата на извршниот директор, г-дин Волфганг Марингер, генералниот директор на АМ Галати & Скопје г-дин Бруно Рибо, и директорот на маркетинг АМ Југоисточна Европа - г-дин Абиџит Санџал – претставени беа политиките на компанијата на локално и на глобално ниво, интегрирањето во општеството и грижата за животната средина, влијанието кое го има азискиот увоз врз Европскиот пазар и приоритетот на компанијата – безбедното работење.

Понатаму, беше презентирана и корпоративната веб апликација steel advisor која служи како алатка за преглед на палетата на производи и услуги кои ги нуди компанијата, а присутните имаа можност и да се запознаат со архитектонските придобивки на челикот од фабриката во Скопје преку реален пример од објектот – културен центар во Автокоманда кој моментално е во изградба.

Успешно беше организирана и посета на погонот каде повеќе од 60 клиенти имаа можност директно да се запознаат со производствениот процес.

Во прилог погледнете ја фотогалеријата од настанот.