АрцелорМиттал Скопје со поддршка на првиот училишен саем во СУГС „8ми Септември“

Средното машинско училиште 8 Септември, во соработка со Општината и Бизнис Клубот на Гази Баба, организираше два отворени дена за деветто одделенците од основните училишта од Скопје, кои имаа можност да добијат повеќе информации за образовните профили кои се изучуваат во училиштето, како и можностите за пракса кои ги нудат компаниите, а по завршување на образованието и можностите за вработување.