КОМПАНИЈАТА АРЦЕЛОРМИТТАЛ СКОПЈЕ, ГО ОДБЕЛЕЖА „ДЕНОТ НА ПОТРОШУВАЧИТЕ 2016”

Традиционално и оваа година, АрцелорМиттал Скопје го одбележа „Денот на потрошувачите“ заедно со своите вработени, клиенти, соработници и партнери. Овогодинешниот, петти по ред „Ден на Потрошувачите” се одржа во новоотворениот хотел Мериот во Скопје, а истиот претставува еден од најголемите настани за компанијата.
На настанот присуствуваа повеќе од 60 потрошувачи од повеќе европски земји, како и претставници од АрцелорМиттал групацијата кои преку своето обраќање им се заблагодарија на присутните за континуираната поддршка и доверба.
За време на самиот настан беа претставени најновите достигнувања и идните планови на компанијата.
Во прилог погледнете ја фотогалеријата од настанот.