„Ден со клиентите 2018“ организиран по седми пат од АрцелорМиттал Скопје

Под слоганот „STEEL growing strong“, АрцелорМиттал Скопје организираше уште еден успешен настан за своите клиенти кои од 10 земји од Балканот и пошироко допатуваа до Скопје за да добијат увид во оперативата, стратегијата и идните планови на компанијата.

Преку обраќањата на извршниот директор, г-дин Волфганг Марингер, генералниот директор на Галати & Скопје г-дин Богдан Греку, и директорот на маркетинг г-дин Богдан Ифрим – претставени беа претстојните промени на локално и на глобално ниво, ребрендирањето како и моменталната состојба на пазарот и се разбира, приоритетот на компанијата – безбедното работење.

Дополнително, во производствнеиот погон се одржа и Инаугурација на екстензијата на линијата за поцинкување а презентирание беа и проектите за модернизација на електро опремата и отворањето на новиот магацин. На настанот беа образложени придобивките кои тие ќе ги донесат како за компанијата така и за клиентите.