Традиционално одбележан Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

По повод Светскиот ден на безбедност и здравје при работа, во АрцелорМиттал Скопје официјално беше отворена Неделата на Здравје и безбедност. На настанот обраќање имаше Генералниот директор, г.Волфганг Марингер, Менаџерот за Здравје и Безбедност, Валерија Миланова, како и претставници на институции и соработници, а беа доделени и награди за безбедно работење и Идеи за Напредок.
Бројни предавања, сесии и обуки беа организирани со цел подигнување на свеста за безбедното работење и постигнување на целта на комапнијата – Нула повреди.