ВРАБОТЕНИТЕ ОД АРЦЕЛОРМИТТАЛ КОРПОРАТИВНО ГО ОДБЕЛЕЖАА СВЕТСКИОТ ДЕН НА БЕЗБЕДНОСТА И ЗДРАВЈЕТО ПРИ РАБОТА

Скопје, 28.04.2017 - Компанијата АрцелорМиттал Скопје традиционално, и оваа  година, го одбележа „Светскиот ден на безбедноста и здравјето при работа”, кој е еден од најважните датуми во календарот на компанијата, фокусирајќи се на здравјето и безбедноста на работното место, што е приоритет број еден во АрцелорМиттал, на глoбално ниво.

По неделата на здравје во која беа вклучени бројни активности како што се предавања за справување со стрес, превенција на рак на дојка, тренинзи за заштита при пожар и прва помош, разни дискусии и дебати, како и групно планинарење на вработените од компанијата, беа преземени и низа други акции насочени кон промоција и јакнење на свеста за здравјето и безбедноста.
 
На денешнот настан на кој освен вработените присуствуваа и претставници од институциите, општините, соработници и изведувачи на компанијата, уште еднаш се потенцираше јасната цел и визија на АрцелорМиттал Скопје – пат до 0 повреди. Токму поради тоа активностите за поголема безбедност при работа продолжуваат континуирано да се спроведуваат и во иднина