Производи

Ладно Валан Лим

Опсегот на челици од АрцелорМиттал Скопје наменети за ладно обликување имаат одлични перформанси, кои се должат на малите варијации на нивниот хемиски состав и механичките особини, со кои се гарантира стабилност при обработката. Овие квалитети имаат одлична формабилност, што ги олеснува процесите на негово обликување и е идеален за извлекување. Тие се користат во процеси на виткање и извлекување каде карактеристиките како сила, цврстина и еластичност се потребни. Типична примена може да најдат во изработката на апарати за домаќинство, индустријата за производство на мебел, буриња, радијатори, делови, цевки и мали профили

Ладно Валан Лим

Поцинкуван Лим

Поцинкуваниот лим може да се користи во многу широк спектар на намени за индустриски пазари, како за внатрешна така и надворешна употреба. Градежништво: широки делови за покривање и обложување (т.е. покриви и фасади), врати, рамки, метални плафони, парапети, структурни делови и др. Aпарати за домашна употреба: сите апарати за овој сектор (како бела и кафеава техника) се произведени со топло поцинкувани челици. Разно: електрични кутии, струјни компоненти, клима уреди, сообраќајни знаци итн.

Поцинкуван Лим

Пластифициран Лим

Пластифицираниот лим е производ за широка потрошувачка кој ги комбинира структурните карактеристики на челикот со заштитните и естетските својства на пластификатот. Достапен е во различни квалитети, широка палета на бои и површински аспект. Овој производ е специјално развиен за задоволување на барањата на цврстина, флексибилност, издржливост како и исплатливост во секторот на градежништво. Тој е стандардно решение за фасади, кровови, архитектонски објекти, а исто така и “сендвич” панели, пропратни елементи (олуци, опшиввки...) итн. Крововите од пластифициран лим даваат слобода во избор на форма, изглед и боја, се вклопуваат совршено во секоја околина и ги надополнуваат сите архитектонски стилови од најтрадиционални до најавангардни. Широкиот опсег на челични производи - прави или лачни, рамни или профилирани им нудат на архитектите огромна палета на можности. Покрај естетските квалитети, крововите од челичен лим исто така даваат супериорни резултати во однос на водо-непропустност, механичка цврстина, издржливост, карактеристики при пожар, кондензација како и акустична и термална удобност. Секогаш постои решение направено од челик кое ќе ја задоволи било која специфична потреба.

Пластифициран Лим

АрцелорМиттал Скопје успешно одговора на барањата на клиентите

Ни причинува огромно задоволство да најавиме дека сме во можност успешно да одговориме на целосната листа на барања изразени од страна на пазарот, кои се разработени во нашиот Customer Newsletter. Некои од нашите клиенти имаа побарувања за подобрување во рамномерноста на дебелината на лимот, за поширока палета на производи, а особено да се отвори можноста за производ со помала дебелина односно 0.3mm. Исто така, имаше побарувања за Deep Mat производи со лак од 35 микрони и автоматска гаранција за нашите пластифицирани производи. Ние веруваме дека нашата нова понуда во целост ќе ги задоволи барањата на нашите клиенти. Нашата намера е да продолжиме да биде отворени за сите сугестии и забелешки од нашите купувачи, со цел да бидете сигурни дека АрцелорМиттал Скопје ефикасно ја задоволува побарувачката на пазарот. Нашата првична намера беше да се зајакне деловната соработка, бидејќи ја цениме лојалноста и довербата која нашите клиенти ја имаат кон нас.

АрцелорМиттал Скопје успешно одговора на барањата на клиентите

Подобрување на лакот за задната страна на пластифицирани лимови

Неколку од нашите клиенти, иако задоволни од квалитетот на пластифицираните продукти на АрцелорМиттал Скопјеalthough коментираа дека перцепцијата на квалитетот може да се подобри со користење на обложување на задната страна со зголемена моќ на прикривање. Водени од тоа, во соработка со нашите добавувачи на боја започнавме да развиваме потемен BSC-тип (RAL 7030), за кој оптичкиот впечаток е значително подобрен, а сепак основните карактеристики останаа непромнети. Беа спроведени лабораториски тестирања, беше валидирана адхезија со пена, и по две поголеми индустриски испитувања, кон крајот на летово ќе го пренасочиме производството кон употреба на новиот потемен тип. Се надеваме дека ќе бидете подеднавко задоволни како и нашите партнери за време на испитувањето и валидацијата. Приложените слики ви овозможуваат да ја увидите разликата меѓу посветлата облога и новиот тип.

Подобрување на лакот за задната страна на пластифицирани лимови

Скопје ќе доставува 35 микронски Deep Mat

АрцелорМиттал Скопје успешно испорачува, веќе повеќе од 2 години, Deep Mat продукти – овие производи се се повеќе барани од нашите клиенти, бидејќи овозможуваат висококвалитетни профили во модерни, стилизирани или класични бои со интересна, силно нагласена набрана структура. Во 2016, фабриката започна со индустриско производство на Deep Mat продукти од 35 микрони; како резултат на тоа сме во можност да испорачаме целосна палета на производи од 25 до 35 микрони. Подгответе се за тестирање на производот!

Скопје ќе доставува 35  микронски Deep Mat

Сега достапна: трака со дебелина 0.3mm

Инвестицијата во AGC систем за валање на постројката Тандем од 2015 г. ни овозможи да индустријализираме палета на производи со дебелина од 0.3мм. Успешно испорачавме количини на пластифицирани лимови во различни бои и до различни клиенти, а исто така почнавме и со испорака на 0.3мм поцинкувани производи. Но, нашето патување не застанува тука: во април ја направивме првата испорака на 0.27мм пластифицирани лимови, нарекувани и 0.3мм TCTP (со вклучена боја) кои се од особен интерес како задна страна за производство на сендвич панели

Сега достапна: трака со дебелина 0.3mm

Подобрување во рамномерноста на дебелината

Како што веќе напоменавме, од вториот квартал на 2015г., на нашата Тандем постројка имплементиравме нов AGC систем (контрола со автоматски мерач); како лојални клиенти ќе го забележите зголемениот перформанс од аспект на рамномерноста на дебелината; Постигнатите резултати генерално ги надминуваат побарувањата за ½ EN а за вас ќе резултираат со подобра контрола на процесот и добивање на поискористена должина. Разликата е видлива кај следниве два графикони:

Подобрување во рамномерноста на дебелината

Каталог на производи

Со оглед на тоа што ние, во АрцелорМиттал Скопје, постојано се трудиме да развиваме нови решенија со цел да овозможиме испорака на што е можно повеќе од продуктите кои ги бараат нашите клиенти, нашето портфолио на производи постојано се подобрува. Како резултат на тоа, ја резимиравме понудата од нашиот погон во најновиот Каталог на производи кој е достапен на нашата веб страница (link: http://www.arcelormittal.com.mk text: www.arcelormittal.com.mk)

Гаранција за пластифицирани лимови

Во последните неколку години, АрцелорМиттал Скопје во континуитет го стабилизира и подобрува процесот на припрема и обложување на лимот, а сите чекори паралелно се контролираат во нашата локална лабораторија како и во капацитетите за развој и истражување на АрцелорМиттал Белгија, и лабораториите на нашите добавувачи. Со задоволство најавуваме дека од јули 2016 г., АрцелорМиттал Скопје нуди автоматска гаранција од 7 години за сите пластифицирани продукти со цинкова облога од Z225 или Z275. Со тоа одговараме на барањата на пазарот изразени во изминатите години од неколку клиенти како резултат на тоа што гаранцијата за продуктите сè повеќе и повеќе е предуслов за да се задоволи премиум секторот но и за понатамошно пласирање на производот.